Хроника Ограбена спортска обложувалница

Ограбена спортска обложувалница

Вооружен разбојник вчера попладне во Скопје ограбил филијала од синџирот спортски обложувалници „Златна копачка“, информира полицијата.

Разбојништвото се случило околу 16 часот, во обложувалницата на „Златна копачка“ на улицата Лазо Трповски, кога непознато лице, вооружено со пиштол, од вработените одзело сума од околу 274.000 денари.

Полицијата засега нема осомничено лице за ова разбојништво.