Хроника Ограбена обложувалница „Златна копачка“ во Скопје

Ограбена обложувалница „Златна копачка“ во Скопје

Вчера, околу 21 часот, на улицата Тале Христов, во обложувалница „Златна Копачка“, две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол, со закана кон една вработена, одзеле засега неутврдена сума пари, по што го напуштиле местото на настанот.

Увидна екипа од СВР-Скопје изврши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.