Македонија Oфталмологот Ставриќ повторно осуден на една година затвор

Oфталмологот Ставриќ повторно осуден на една година затвор

Кривичниот суд на повтореното судење го прогласи Дејан Ставриќ за виновен за примање поткуп при посредување за добивање пензија, објави „24 Вести“.

Основниот суд во Скопје по вторпат донесе идентична пресуда, откако Апелациониот суд ја укина првата пресуда и го врати процесот на повторно судење.

Ставриќ ќе остане на слобода додека пресудата не стане правосилна.

Додека траеше судењето, тој тврдеше дека не е виновен за обвиненијата со кои се товари.