Македонија Одреден притвор за уште двајца од осомничените во „Пуч“

Одреден притвор за уште двајца од осомничените во „Пуч“

Скопскиот Кривичен суд, по распитот пред судија во случајот „Пуч“, на второосомничената, Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот, и на третоосомничениот, Бранко Палфиров, функционер во Општина Струмица, им одреди 30-дневен притвор.

На четвртообвинетиот во овој случај, Зоран Заев, одредена му е мерка за претпазливост, одземање на пасошот и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд.

Според МВР, со полициската акција „Пуч“ спречен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта. Првоосомничениот, поранешниот директорот на Управата за безбедност и разузнавање, Зоран Верушевски, веќе е во притвор.

За претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава.