Македонија Одобрена операција за Ѓорѓиевски од Вевчани

Одобрена операција за Ѓорѓиевски од Вевчани

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека го одобрил барањето за лекување во странство на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани.

Минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20 отсто од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност, пишува во соопштението на ФЗОМ.