Македонија Одложен изборот на првите луѓе на дваесетина јавни обвинителства

Одложен изборот на првите луѓе на дваесетина јавни обвинителства

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се изберат шефови во дваесетина обвинителства во земјава, вклучувајќи ги и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Основно јавно обвинителство Скопје, кои водат повеќе од 2/3 од вкупниот број на предмети во цела земја.

Причина за одлагањето е што на членовите на Советот им требале дополнителни документи за одредени кандидати, па седницата со ист дневен ред ќе се одржи следната среда.

– Седницата беше одложена од причина што членовите на советот со оглед на бројот на кандидати пријавени за постапката за избор на на јавни обвинители и со оглед на потребните проверки, треба да се прибават уште некои податоци кои се од значење за носење одлука за избор на обвинителите – рече Коле Штериев, Претседател на Советот на јавни обвинители.