Македонија Одбележување на десетгодишнина од соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија

Одбележување на десетгодишнина од соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија

Денеска и утре во  Каен, ќе се одвиваат низа настани за да се обележи десетгодишнината од соработката меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.

Предвидени се конференција, работилници, концерти, изложби на кои ќе присуствуваат партнери што биле дел од оваа соработката во текот на овие 10 години. На настаните ќе присуствува и делегација од Македонија, составена од претставници на министерства, општини и на организации.

„Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија почна во 2005 година, по иницијатива на овој француски регион и 10 години подоцна, резултатите од оваа богата соработка се очигледни. Во соработката се вклучени повеќе од 50 партнери: организации, општини, образовни и културни институции од Долна Нормандија и од Македонија. Програмата на соработка се состои од многубројни проекти на различни теми: сеќавање и помирување, човекови права, култура и културно наследство, туризам, млади. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија продолжува со нов елан и со уште поголеми предизвици“, пишува во соопштението на Асоцијација на агенции за локална демократија – Скопје.