Македонија Од утре заладува – пониски температури за 6 до 8 степени

Од утре заладува – пониски температури за 6 до 8 степени

В понеделник ќе продолжи да дува силен ветер, а дневната температура ќе се намали за дополнителни 4 до 6 степени

Фото: Архива, Мета.мк

Утре ќе настапи значителна промена на времето, најави УХМР.

Од утринските часови најпрво во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч), а дневната температура значително ќе се намали, за 6 до 8 степени.

В понеделник ќе продолжи да дува силен ветер, а дневната температура ќе се намали за дополнителни 4 до 6 степени.

„Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд“, известува УХМР.