Македонија Oд утре, последно возење со жичарница од врв на Водно надолу ќе...

Oд утре, последно возење со жичарница од врв на Водно надолу ќе биде во 17:45 часот

Согласно одлуката за возен ред во април, од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, велат во ЈСП

Фото: Мета.мк

Од утре жичарницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, информираат во ЈСП Скопје.

„Согласно одлуката за возен ред во април, од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичарницата се неработни денови“, наведено е во соопштението на ЈСП.