Македонија Обвинителството проверува изборен поткуп во Делчево

Обвинителството проверува изборен поткуп во Делчево

Фото: Архива на Мета.мк

Основното јавно обвинителство информира дека постапува по дојава за изборен поткуп во Македонска Каменица.

„Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија“, наведно е во соопштението.

Јавен обвинител даде насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази, додаваат од обвинителството. ​

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потсетува и дека во функција е отворената електронска адреса izbori@jorm.mk, каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да достави поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.​