Хроника Обвинителството побарало психијатриско лекување за мајката што го фрли својот син

Обвинителството побарало психијатриско лекување за мајката што го фрли својот син

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог на мајката што го фрли својот шестгодишен син од четврти кат од зграда во населбата Хиподром да ѝ се определи мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, соопштија денеска од јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје, во врска со кривично-правниот настан кога мајката го фрли својот шестгодишен син од четврти кат од зграда во населбата Хиподром. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, согледувајќи ги наодите од психијатриското вештачење на состојбата во која се наоѓала и се наоѓа осомничената, до Основниот суд Скопје 1 достави предлог за определување мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа од член 63 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на обвинителството.