Uncategorized Обвинителството ја продолжува истрагата за Диво Насеље

Обвинителството ја продолжува истрагата за Диво Насеље

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава, кој се случи кај кумановско Диво Насеље, прибра дел од доказите, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.

„Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените, која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е почната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко-техничко вештачење на предметите и на трагите прибрани од местото на случувањата по извршениот увид“, стои во соопштението.

Во дописот се наведува дека надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање дејства и мерки за утврдување факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите и оти во тек е сослушување на сведоци и на осомничени во предметот.