Македонија Обвинение за две лица – со лажни исправи ќе регистрирале полициски синдикат

Обвинение за две лица – со лажни исправи ќе регистрирале полициски синдикат

Првообвинетиот се товари за кривични дела – посебни случаи на фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина, додека вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина

Фото: Image by Andreas Breitling from Pixabay

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел обвинителен предлог против две лица. Според обвинителството, на 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија.

Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација.

Кон барањето за регистрација на синдикатот, според обвинителството, биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​

Првообвинетиот се товари за кривични дела – посебни случаи на фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина, додека вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.