Македонија Новинарите утре во 12 часот ќе го вратат погребниот венец пред Владата

Новинарите утре во 12 часот ќе го вратат погребниот венец пред Владата

Новинарите и „Новинарски пленум“ утре, точно напладне, пред објектот на Владата ќе го вратат погребниот венец што вечерва му беше доставен на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, во неговиот дом.

На овој начин новинарите ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на овој грозоморен чин, кој вечерва го вознемири семејството на Јовановски.

Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани да излезат и пред зградата на Владата, каде што сметаат дека е вистинското место, кај што треба да се обратат на мирен начин да го изразат својот револт  од страшниот чин, со намера повеќе да не се повтори.

Новинарите бараат од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а Никола Груевски, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, да го осуди јавно овој морбиден чин.