Свет Нови осум случаи на БИРС во Јужна Кореја

Нови осум случаи на БИРС во Јужна Кореја

Јужна Кореја соопшти дека се регистрирани осум нови случаи на блискоисточен респираторен синдром (БИРС) и уште едно лице починало, со што вкупниот број на жртвите од овој вирус се искачи на 20.

Вкупно 162 лица се заразени со овој вирус во Јужна Кореја, од минатиот месец, кога почна најголемата епидемија надвор од Саудиска Арабија.

Јужнокорејското министерство за здравство соопшти дека 19 лица оздравеле и дека излегле од болница.

Сите жртви на вирусот во новата епидемија веќе имале здравствени проблеми или се постари лица.

Повеќе од 6.500 лица се во карантин во своите домови или во здравствените установи.