Видео Нов Зеланд: 200 китови се насукаа на брегот

Нов Зеланд: 200 китови се насукаа на брегот

Околу 200 кита се насукале на брегот на Јужен Остров на Нов Зеланд. Стотина спасувачи тргнале кон оддалеченото место за да ги вратат животните во вода.

Дваесетина од вкупно 198 килтови веќе угинале без разлика на напорите на спасувачите да им помогнат, соопшти претставникот на одделот за зачувување на природата, Ендрју Ламасон.

Околу 80 работници и доброволци залудно се обидувале да ги вратат во вода додека доаѓаа осеката. Имајќи го предвид големиот број животни, работниците се подготвиле за повеќедневна работа.

– Често ни се случува китовите да отпливаат во морето, повторно да се свртат и да се вратат. Се подготвуваме за неколку напорни дена – вели тој.

Китовите можат да порастат и до шест метри должина, а се насукуваат на Нов Зеланд во текот на летото.