Македонија Настаните од изминатите години да бидат поука, порача Иванов

Настаните од изминатите години да бидат поука, порача Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, откако денеска гласаше на избирачкото место во гимназијата „Јосип Броз Тито“, изрази надеж дека изборите ќе минат во мирна, демократска и фер атмосфера и оти поразените ќе го признаат легитимитетот на избраните.

– Очекуваме наскоро да се конституира новиот состав на Собранието, да се избере влада и владата да ги исполни сите ветувања што ги даде во предизборниот период. Очекуваме конечно да излеземе од политичката криза и да се посветиме на нашите стратегиски цели, да ја вратиме евроатлантската агенда на највисокото место, да биде приоритет на државата – рече Иванов.

Тој порача дека настаните што се случија во изминатите години треба да бидат поука за сите.

– Свесни сме и за сите предизвици во регионот и пошироко. Затоа ни се неопходни институции со полн капацитет, кои ќе се справуваат со сите предизвици – додаде Иванов.