Економија Народна банка пушти во оптек нова кована пара

Народна банка пушти во оптек нова кована пара

Народната банка ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“.

Оваа кована пара е изработена од сребро, а цената на „владимирска“ изнесува 3.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.