Економија Народна банка одбележува седумдецениско работење

Народна банка одбележува седумдецениско работење

Со низа активности, Народна банка ќе одбележи 70 години од постоењето. Одбележувањето на јубилејот ќе се одвива во текот на целата година, под мотото „Запознајте ја централната банка“.

– На овој начин Народната банка има цел да ја доближи банката до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на дејствување на институцијата, нејзината улога и значењето што го има во домашната економија. Во тој контекст, настаните што ќе се организираат во текот на годината ќе опфатат активности од областа на финансиската едукацијa, настани за промоција на научно-истражувачката дејност и спортски активности и случувања – се вели во соопштението на банката.