Забава Најстариот човек во Австралија плете џемпери за пингвини

Најстариот човек во Австралија плете џемпери за пингвини

Најстариот човек во Австралија, 109-годишниот Алфред Дејт, има необично хоби. Тој плете шарени џемпери за пингвини, а овие животни ги носат со задоволство.

Харизматичниот дедо, кој има 20 внуци и исто толку правнуци, првпат почнал да плете пред 80 години. На почетокот плетел џемпери и шалови за пријатели и за членови на семејството, а кога му се обратила локалната фондација за спасување пингвини, не можел да рече „не“.

Активистите го замолиле Дејт да направи облека за животните за да не се разболат откако излевањето на нафтата им ги залепила крилјата и поради тоа им продира ладна вода до кожата.