Економија На „Тошиба“ ѝ се заканува казна од 60 милиони долари поради лажни...

На „Тошиба“ ѝ се заканува казна од 60 милиони долари поради лажни финансиски извештаи

Јапонскиот пазарен регулатор соопшти дека електронскиот гигант „Тошиба“ би можел да биде казнет со рекордни 60 милиони долари поради „надувување“ на профитот, со што се загрозува репутацијата на една од најпознатите јапонски компании.

Имено, јапонската комисија за надзор на тргување со хартии од вредност, препорача изрекување казна на „Тошиба“ во износ од 60 милиони долари поради фалсификување на извештајот.

Според њујоршката агенција „Блумберг“, станува збор за една од најголемите финансиски казни што еден регулатор ја има изречено.

– Компанијата „Тошиба“ повеќепати ги излажа инвеститорите бидејќи во периодот меѓу 2012 и 2013 година доставила лажни финансиски извештаи – се наведува во соопштението на регулаторот.