Технологија Наука На „Филе“ му се потроши батеријата

На „Филе“ му се потроши батеријата

На модулот „Филе“ му се потроши батеријата и се наоѓа во процес на хибенрација неколку дена откако слета на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“. Батеријата на „Филе“ е неактивна бидејќи наместо потребните седум часа сончева светлина дневно, добивала само три часа. Научниците ги примиле сите важни податоци пред модулот целосно да се деактивира. Сè додека соларните панели не добијат доволно светлина за повторно да го активираат, нема да може да се воспостави контакт со „Филе“. Кометата моментално се наоѓа над планетата Марс, но во август 2015 година ќе биде блиску до орбитата на Земјата каде што светлината ќе биде многу посилна.