Македонија На 31 декември и 1 јануари автобусите во Скопје по неделен возен...

На 31 декември и 1 јануари автобусите во Скопје по неделен возен ред

В недела и понеделник - 31 декември 2023 - 1 јануари 2024 - автобусите ќе возат по неделен возен ред

Фото: ЈСП Скопје

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека за Новогодишното празнување, в недела и понеделник – 31 декември 2023 – 1 јануари 2024 – автобусите ќе возат по неделен возен ред.

Од таму додаваат дека на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

„Од вторник (2 јануари 2024 г.) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст“, соопшти ЈСП Скопје.

Дополнително, посочија дека во недела (31 декември 2023 г.) и понеделник (1 јануари 2024 г.) билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП нема да работат. Од вторник (2 јануари 2024 г.) продолжуваат со вообичаено работно време.

Жичарницата в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а в понеделник, 1 јануари од 11 до 17 часот.