Македонија МВР вчера издало потврди на 22 странски државјани

МВР вчера издало потврди на 22 странски државјани

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 22 мигранти.

Според државјанството, 15 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, а седум на државјани на Ирак.

Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 10 се мажи, пет се жени, пет се деца што го придружуваат носителот на потврдата и две се деца што патуваат без придружба на родител.

Од 1 јануари годинава, заклучно со вчера, според МВР, низ земјава поминале вкупно 87.228 мигранти, на кои им била издадена потврда за искажана намера за барање азил.