Свет Свет Москва: Укинување на ембаргото за Либија по политичката стабилизација

Москва: Укинување на ембаргото за Либија по политичката стабилизација

Укинувањето на ембаргото за испорака на оружје за Либија може да се разгледува по спроведувањето на политичкиот процес во земјата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов на состанокот во Виена.

– Прашањето може да се разгледува по склучувањето на спогодбата меѓу силите кои учествуваат во процесот – изјави Гатилов.

Рускиот претставник додаде дека е неопходно „владата на национално единство да добие потврда од националното собрание и да се формираат ефикасни државни институции“.

Учесниците на состанокот за кризата во Либија претходно рекоа дека се подготвени да испорачаат оружје на претседателската гарда, која неодамна ја основа владата на националното единство.

Претставниците, исто така, рекоа дека рестриктивните мерки на ОН треба да останат на сила за оружјето да не падне во рацете на руските сили кои не се под контрола на новата влада.