Свет Москва: Посетата на Нуланд е позитивен знак

Москва: Посетата на Нуланд е позитивен знак

Официјална Москва ја оцени посетата на Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи, како знак за подобрување на билатералните односи.

Нуланд во Москва ќе разговара со високи владини претставници за натамошните чекори во примена на спогодбата за примирјето на истокот на Украина.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за време на средбата Путин – Лавров – Кери, рече дека е „потребен поблизок дијалог“.

Претходно, државниот секретар Џон Кери се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и со колегата Сергеј Лавров во Сочи.

Во Москва, Нуланд ќе се сретне со активистката за човекови права Људмила Алексејева.