Хроника Момче загинало на Водно во сообраќајка со мотоцикл

Момче загинало на Водно во сообраќајка со мотоцикл

Дваесет и две годишно момче загинало на локалниот пат Скопје – Средно Водно откако синоќа, околу 23.15 часот, управувајќи мотор удрило во метални еластични браници.

Скопјанецот, роден 1994 година, управувал мотоцикл марка „сузуки 750“.

Момчето било префрлено во Ургентен центар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнало на повредите.