Свет Могадишу: Ал Шабаб уби тројца припадници на АУ при напад на воена...

Могадишу: Ал Шабаб уби тројца припадници на АУ при напад на воена база

Најмалку тројца војници на мировните сили на Африканската унија (АУ) и еден цивил загинаа, откако припадниците на исламистичката милитантна група Ал Шабаб ја нападнаа главната воена база на силите на АУ во Сомалија.

Припадниците на Ал Шабаб, преоблечени во униформи на сомалиските владини трупи, упаднале во базата во близина на аеродромот во главниот град Могадишу. По неколкучасовните борби, припадниците на АУ успеале да ја вратат контролата на базата, при што се убиени петмина напаѓачи, а неколкумина се заробени.