Економија ММФ ќе ја скенира економијата во Македонија

ММФ ќе ја скенира економијата во Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Скопје за да го спроведе редовниот годишен преглед на македонската економија.

Тимот ќе биде предводен од Џесмин Рахман и ќе престојува од 29 јуни до 8 јули.

Прелиминарните оцени за состојбата во македонската економија ќе бидат објавени во извештај за кој ќе се дискутира на состанок на Извршниот одбор на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително.

Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки.