Македонија Министерот Попоски во посета на Холандија

Министерот Попоски во посета на Холандија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска е во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија.

Од МНР информираат дека Попоски ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал, каде што ќе одржи предавање пред студентите.