Македонија Миленковски е претседател на синдикатот на Драмски, Ристиќ прогласена за неподобна

Миленковски е претседател на синдикатот на Драмски, Ристиќ прогласена за неподобна

Режисерот Сашо Миленковски е избран за претседател на Синдикатот на Драмски театар откако СОНК  ја прогласил актерката Ирена Ристиќ за неподобна, објави актерката на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Претходно Ристиќ беше избрана за синдикален претставник на состанок на кој беше предложена од шестмина, а на кој ја изгласале вкупно 27 вработени. На вториот состанок присуствувале 32 вработени.

Во меѓувреме, до неа стигнало писмо од СОНК во кое ѝ било посочено дека е неподобна за да го претставува синдикатот. Како што пишува на својот профил, Ристиќ наскоро очекува одговор од СОНК зошто е прогласена за неподобна.
Од СОНК најавуваат дека дополнително ќе одговорат со своја изјава на тврдењата објавени во медиумите.