Македонија Мигрантите заглавени во кампот во Идомени протестираа „Отворете ги границите“

Мигрантите заглавени во кампот во Идомени протестираа „Отворете ги границите“

Околу 400 мигранти со транспаренти на кои пишува „Отворете ги  границите“ в раце, денеска протестираа во кампот во Идомени и бараа Македонија да ја отвори границата и да ги пушти кон Западна Европа.

Откако европските земји ги намалија квотите за пропуштање на бегалци, македонските служби постапуваат според тие насоки и пропуштаат само толку бегалци колку што можат да бидат примени од српските службеници на северната граница.

Според некои процени, во кампот во Идомени моментално има околу 5.000 бегалци.

Земјите на ЕУ ги заострија критериумите за пропуштање на бегалците и се пуштаат само бегалци од земји зафатени со војна, додека другите се враќаат назад по рутата.