Спорт Марк Гасол најзаслужен за победата на Мемфис над Клиперс

Марк Гасол најзаслужен за победата на Мемфис над Клиперс

Марк Гасол постигна 30 поени и 12 скока

Мемфис гризлис ја забележа 12. победа во 14. натпревар од почетокот на новата сезона во НБА-лигата. Овојпат на ред дојде екипата на Лос Анџелес клиперс, која во арената „Федекс форум“ беше совладана убедливо, со 107:91.

Марк Гасол постигна  30 поени и 12 скока, а двоцифрен број погодоци во домашниот тим реализираа и Ален (12), Рендолф (10), Ли (13), Пондекстер (11) и Удрих (11). Кај гостите од Калифорнија се издвои Крис Пол (22 погодоци, пет асистенции).

Портланд, Голден стејт и Денвер славеа на гостински терен и ги продолжија своите победнички серии.