Култура Манифестацијата „Празник на липите“ почнува утре

Манифестацијата „Празник на липите“ почнува утре

Mеѓународната поетска манифестација „Празник на липите“ ќе се одржи утре во 10 часот во Друштвото на писатели на Македонија.

Во првиот дел на свечен начин ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Иван Чаповски и на поетот од Молдавија, Николае Дабижа. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, а за творештвото на Чаповски и на Дабижа ќе зборуваат Раде Силјан и Ефтим Клетников.

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на организацискиот одбор, Владимир Мартиновски.

На поетскиот митинг, во 12 часот, ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје. Поетската порака ќе ја испрати Зоран Пејковски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.