Подглавна секција Македонски државјанин застрелал жена од Србија па се самоубил на патарина кај...

Македонски државјанин застрелал жена од Србија па се самоубил на патарина кај Прешево

Mажот и жената биле заедно во автомобилот. Во еден момент таа излегла од автомобилот и почнала да бега, а мажот испукал неколку куршуми кон неа.

Фото: Rudy and Peter Skitterians from Pixabay

Педесетидвегодишен државјанин на Македонија, вчера во околу 21:00 часот во близина на патарина кај Прешево застрелал жена од Србија, а потоа се самоубил, пренесува Н1 Србија.

Тешко-ранетата жена, државјанка на Србија, била пренесена во Здравствениот дом во Врање, а потоа била пренесена во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Оттаму соопштено е дека таа во нивната установа пристигнала половина час по полноќ во придружба на екипа на Брза помош Врање. По извршениот преглед констатирани се повреди на душникот, вратните пршлени како и контузија на белодробното крило на левата страна.

Очевидци велат дека на обидот за убиство и самоубиството му претходела расправија.

Медиумите јавуваат дека мажот и жената биле заедно во автомобилот. Во еден момент таа излегла од автомобилот и почнала да бега, а мажот испукал неколку куршуми кон неа. Набрзо се вратил на местото на злосторството и си пукал во глава.