Македонија Македонската граница вчера ја поминале вкупно 4.396 бегалци

Македонската граница вчера ја поминале вкупно 4.396 бегалци

Во текот на вчерашниот ден, издадени се вкупно 4.396 потврди на странски државјани.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од овие лица 1.822 биле мажи, 808 жени, а 1.388 деца што го придружувале носителот на потврдата.

Границата ја поминале и 378 деца што патувале без родител, а на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата, најбројни се државјаните на Сирија – 2.314, Ирак – 1.179 и на Авганистан – 900.