Економија Македонија станува значаен центар за британската ИТ-компанија „Ендава“

Македонија станува значаен центар за британската ИТ-компанија „Ендава“

Македонија станува значаен центар за приватната компанија за ИТ-услуги „Ендава“, во значајни проекти за германски телеком-компании, осигурителни клиенти во Обединетото Кралство, компании за наплата во Велика Британија, како и образовни институции во истата земја, но и тела за спорт во Швајцарија.

Центарот во Скопје има 100 вработени, кои исто така за клиентите на „Ендава“ испорачуваат и независни услуги.

– „Ендава“ е извонредна британска компанија која навистина добро работи во Македонија. Горд сум што тука ја имаме оваа британска инвестиција во пораст. Бројот од 100 вработени е достигнување што заслужува вистиско одбележување. Се надевам дека „Ендава“ ќе продолжи да придонесува во развојот на ИТ-секторот во Македонија, како и на пошироката македонска економија – изјави Чарлс Гарет, британски амбасадор во Македонија, кој ја посети компанијата.

„Ендава“ има повеќе од 2.500 вработени со канцеларии во Њујорк, Атланта, Њу Џерси, Лондон и во Франкфурт и шест центри за испорака во Романија, Молдавија, Македонија и во Србија.

Основана во 2000 година, „Ендава“ работи со некои од водечките светски компании во секторите банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво.