Македонија Македонија по шести пат во „Часот на планетата Земја“

Македонија по шести пат во „Часот на планетата Земја“

Шеста година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, така што в сабота, во 20.30 часот по локално време, во период од еден час, во мрак ќе потонат повеќе од 162 земји и 7.000 града во светот.
Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации, па така оваа година бројката надминува повеќе од 60 локации низ целата Република, кои ќе го исклучат осветлувањето за „Часот на планетата Земја“.

Централниот настан е закажан на улица Македонија, кадде во 20.30 часот, веднаш по исклучувањето на осветлувањете, скопјани ќе бидат сведоци на неверојатен перформанс со специјални светлечки ефекти, а настапот ќе биде поддржан од волонтерите на Црвениот крст, кои ќе ја осветлат улица Македонија со свеќи.

Освен оваа локација, во градот Скопје во мрак ќе потонат и Порта „Македонија“, Камениот мост, Скопската тврдина, Музејот на холокаустот, новиот објект на Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, мостот Око, Мостот на уметноста и плоштадот Филип Втори.