Македонија Македонија на 117. место според слободата на медиумите

Македонија на 117. место според слободата на медиумите

Македонија е на 117. место од 180 земји во светот според слободата на медиумите, е нотирано во годинешниот извештај на „Репортери без граници“. Минатата година Македонија беше на 123. место, што според најновиот индекс на слободата на медиумите, е за шест места подобро.

Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.