Економија Македонија и Бугарија со железница ќе се поврзат во 2020 година

Македонија и Бугарија со железница ќе се поврзат во 2020 година

Железничко поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработката на железничките компании, како и размена на искуства и размена на експертски тимови, беа само дел од темите за кои разговараа директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Ирфан Асани, и директорот на бугарската национална железничка инфраструктурна компанија, Милчо Ламбрев, на средбата што се одржа во Скопје.

Во текот на средбата, Асани го информираше директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек и дека најдоцна до 2020 година се очекува Македонија и Бугарија железнички да се поврзат.

Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.

Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија, а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.