Македонија Македонија го слави празникот Свети Климент Охридски

Македонија го слави празникот Свети Климент Охридски

Денеска во Македонија се одбележува празникот Свети Климент со божествена литургија и со врачување на државанта награда „Св. Климент Охридски“. Утрово архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан, во Соборниот храм служеше утринска божествена литургија. Вчеравечер во Македонската академија на науки и на уметности се одржа свечена академија за делото на првиот словенски епископ, писател, просветител и творец на Охридската книжевна школа.
Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и на целиот охридски крај.