Македонија Лустрацијата на Трендафил Ивановски падна на Европскиот суд за човекови права

Лустрацијата на Трендафил Ивановски падна на Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права ја објави пресудата со која се утврдува дека во случајот на лустрираниот судија Трендафил Ивановски постои повреда на членот 6 и на членот 8 од Европската конвенција за човекови права, објави „Нова ТВ“.

Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и на членот 8 од Европската конвенција за човекови права, пресудувајќи дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени угледот и достоинството на Ивановски. Според пресудата, државата на Ивановски треба да му исплати отштета од 5.350 евра.

Трендафил Ивановски до Европскиот суд за човекови права се жалел дека лустрациските постапки не биле фер и дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство.

Ивановски, исто така, се жалел дека во постапките немало доволно време да ги подготви аргументите, како и дека не му бил овозможен пристап до досиејата.