Македонија Линијата број 25 од Транспортен центар до Водно со изменет возен ред

Линијата број 25 од Транспортен центар до Водно со изменет возен ред

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7 октомври) ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП.

„Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период“, се вели во соопштението.

Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.

Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).