Македонија ЛГБТИ: Мораториум и за Јавното обвинителство

ЛГБТИ: Мораториум и за Јавното обвинителство

Денеска во 1.15 часот, пред објектот на Основното јавно обвинителство, ЛГБТИ-активистите ќе одржат протестен говор. Како што се вели во објавата за настанот на социјалната мрежа, активистите ќе прогласат мораториум поради неуспешно решавање на нападите врз ЛГБТИ-Центарот за поддршка.

„Истрагата можеби сè уште е во тек, но ние веќе не ја признаваме оваа институција за легитимна“, пишува во соопштението на активистите.