Македонија ЛДП: Премиерот си поигра со граѓаните

ЛДП: Премиерот си поигра со граѓаните

Прес-конференција на ЛДП

ЛДП изразува жалење поради огромното фијаско на проектот „Субрата“, со кој премиерот и нeговите министри, на крајно несериозен начин, си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја.

– Ниту 8.000 грла крави, а за три години 20.000 крави. Ниту млекарница, со дневно производство од 80.000 литри млеко. Ниту вработување на 900 лица во првите 18 месеци, а во рок од три години бројот на вработени да достигне 2.000 вработени, на земјиште кое со договорот склучен лани во јули му беше доделено под концесија во рок од 15 години, а за закупот ќе го чинеше 121.000 евра годишно. Уште повеќе изненадува дрскоста на министерот за финансии, кој по ваквиот дебакл на проектот, кратко и по принципот „не сум од овде“ изјави дека банкарската гаранција на бизнисменот Субрата Рој е активирана во согласност со законите кои важат за сите инвеститори – рече Дејан Блажески, советник од ЛДП во Советот на општина Охрид.