Свет Европа Лавров ја откажа утрешната посета на Турција

Лавров ја откажа утрешната посета на Турција

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска ја откажа посетата на Турција, закажана за утре, откако турските воени сили урнаа руски борбен авион.

Обраќајќи се пред новинарите во Сочи, Лавров им порача на Русите да не патуваат во Турција.

Според Лавров, опасноста од тероризам во Турција не е ништо помала од опасноста во Египет, каде терористичка бомба на 31 октомври урна руски патнички авион и усмрти 224 патници и членови на екипажот.
Неколку руски туристички оператори ги откажаа своите аранжмани за Турција.