Галерија Кучето Борко е скопскиот Луканико

Кучето Борко е скопскиот Луканико

И Скопје има куче демонстрант како атинскиот Луканико кој ги поддржуваше протестаните во Атина.

Според фотографиите што граѓаните ги споделија на социјалната мрежа „Фејсбук“, Борко се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“, Борко го добил своето име поради присуството на протести, посветеноста на групата со која се движи и беспоштедната борба со автомобилите.

Настани на кои е забележан:

– 30.04.2014 – ја истрча цела Критична маса (KM#24) од почеток до крај (10 километри)
– 01.05.2014 – учествуваше во целиот марш од првомајскиот протест
– 28.05.2014 – беше на Критична маса #25
– 24.09.2014 – Критична маса #29
– 11.10.2014 – Партизанска велосипедска тура по повод 11 Октомври
– 10.12.2014 – Студентски марш #2