Економија Шверцерите на мигранти заработуваат милиони евра

Шверцерите на мигранти заработуваат милиони евра

Италијанскиот обвинител Франческо Ло Вои изјави дека криминалните мрежи заработуваат милиони евра годишно на нелегален транспорт на мигранти преку Средоземно Море, а секој наполнет брод им донесува приход од 80.000 евра.

Тој додаде дека секоја криминална група заработува повеќе милиони евра годишно, а самите се организираат да излезат во пресрет на барателите, за голем број луѓе да дојдат во Европа.

Според еден телефонски разговор што полицијата го снимила во текот на истрагата, криумчарите со секој брод остваруваат заработка од 80.000 евра, а мигрантите плаќаат во просек по 1.500 евра за пренос преку Средоземно Море.