Македонија Коце Трајановски ги посети децата од СОС Детско село

Коце Трајановски ги посети децата од СОС Детско село

Коце Трајановски, градонаачалникот на Скопје, денеска ги посети децата од СОС Детско село и им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот им посака на децата добро здравје и многу успеси во новата 2015 година.

– Особено ме радува тоа што сум денеска тука меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС-мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и мајчинска грижа и заедно со вас ги пребродуваат сите предизвици што се испречуваат на вашиот пат – рече градоначалникот Трајановски.