Македонија Костовски и Кекеновски формираат движење „Фронт за Македонија“, со амбиции за партија

Костовски и Кекеновски формираат движење „Фронт за Македонија“, со амбиции за партија

Јове Кекеновски и Трифун Костовски водат активни преговори за формирање здружение, кое, најверојатно, ќе се вика „Фронт за Македонија“. И двајцата ја потврдуваат ваквата информација и велат дека не ја исклучуваат можноста движењето по извесно време да прерасне и во политичка партија, па да се појават и на изборите во април, објави „24 Вести“.

Во разговорите за приклучување кон движењето се вклучени и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов и ДОМ на Лиле Поповска, како и други помали партии и здруженија. Целта на формирањето, како што велат, е враќање на вистинските вредности, како и подостоинствен живот на човекот како единка.

И Кекеновски и Костовски велат дека ќе дејствуваат пред сè граѓански и дека ќе ги критикуваат потезите на власта, но, ако треба, и на опозицијата.